Дебарското одделение за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.К.(34) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“.

-М.К. на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, креирал лажен профил од кои, во повеќе наврати на О.Р. од Дебар му испраќал закани по неговиот живот и видеозаписи со недолична содржина, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.