Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ се запалил денеска додека сообраќал на автопатот Тетово–Гостивар. Пожарот избувнал во текот на возењето, а на социјалните мрежи и во медиумите се појавија снимки од инцидентот на кои се гледа автобусот зафатен од пламен.
Поради интервенцијата на надлежните служби, сообраќајот на делницата Тетово–Гостивар во изминатите часови се одвивал отежнато.
Засега нема официјални информации за причините поради кои дошло до пожарот. Детали за случајот се очекуваат по завршувањето на постапките од страна на надлежните институции.
