-Денес околу 13 часот ни беше јавено дека се појавил пожар во куќа во населба Иванидол. По дојавата екипа на Терторијалната противпожарна единица од Кичево интервенира на пожарот со едно возило и четири пожарникари. Бидејќи интервенцијата беше навремена, пожарот е целосно изгаснат и спречено е негово натамошно ширење на целиот објект. Од пожарот била зафатена кујната, чадот брзо го забележале соседите и тоа беше причината брзо и да реагираме и да го ликвидираме пожарот, рече Бране Мирчески од ТППЕ Кичево.

Тој појасни дека во куќата сама живеела жена која во време на избувнување на пожарот била отсутна од домот. Неделава ТППЕ Кичево интервенираше и на два пожара на отворен простор.