Пожар претпладнево избувна во угостителскиот објект „Гиро хаус“ во Трговскиот центар „Лептокарија“ во скопската општина Карпош.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, се запалила скарата во објектот, а пожарот бил целосно изгаснат.
Во интервенцијата учествувале тројца пожарникари од скопската противпожарна бригада со едно противпожарно возило.
