Синоќа избувнал пожар во една од бараките во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, откако се запалил бојлер.

Во инцидентот нема повредени и сите студенти се наоѓаат во безбедна состојба.

По забележувањето на чадот и пламенот, била спроведена брза евакуација на сите присутни студенти од објектот.

Пожарот бил брзо локализиран и целосно изгаснат, со што е спречено негово ширење врз останатиот дел од бараката.

Информацијата за настанот е објавена од „Студентарија мк“.