Собраниската Комисија за европски прашања денеска во 11 часот треба да ја одржи 32-та седница.
На дневниот ред на седницата се Предлогот на закон за изменување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, по скратена постапка во второ читање, Предлогот на закон за инспекциски надзор во животната средина, во второ читање, како и Предлогот на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во прво читање.
Трите закони се носат со европско знаменце.