Автократот од Форино, Талат Џафери направи страшен недемократски преседан во Собранието на Република Македонија. Прекршувајќи низа норми од Уставот и Деловникот разреши пратеник од член на работно тело, без да има одлука од матична Комисија во Собранието. Патем тој самиот поплука на своите зборови кои пред само 2 недели ги кажуваше во интервју на национална телевизија дека тоа не може да се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на партијата се наведува дека класичен заевизам, кажува, заборава па сам себе се негира.

-Собранието е законодавен дом и дом на демократијата и не може со него Талат Џафери да се однесува како со своја крчма. Демократијата подразбира почитување на процедури и норми, а сте тоа сега СДСМ и ДУИ го прекршија. СДСМ и ДУИ прават насилие во институциите само за да му ја исполнат желбата на Заев кој им дал лист со имиња на уставни судии кои мора под итно да му ги изгласаат, стои во соопштението.