Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рамномерен регионален развој, по скратена постапка, во второ читање е единствена точка на дневен ред на Комисијата за европски прашања.
Членовите на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија треба да го разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, во скратена постапка. Предлог-законот е поднесен од пратениците Мартин Костовски, Дарко Каевски, Фаница Николовска, Диме Велковски, Арбер Адеми и Фадил Зендели.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, во читање е единствена точка на дневен ред на Законодавно-правната комисија.