До 18 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а пет се целосно изгаснати.
Активни се пожарите во Општина Прилеп, на местото викано Маркова Чешма, каде гори ниска вегетација, како и во Општина Василево, во селото Нова Мала, каде исто така е зафатена ниска вегетација.
Во меѓувреме, изгаснати се пет пожари. Во Општина Струмица, кај селото Банско, горела депонија, а во Општина Штип, во населбата Света Недела, биле зафатени ниска вегетација и борова шума.
Изгаснати се и пожарите во прилепското село Ропотово, во липковското село Матејче и во струшкото село Заграчан, каде горела ниска вегетација.
Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен и интервенираат на активните пожари,
