„Алијанса за Албанците и Алтернатива со мнозинство гласови избраа нов кандидат за градоначалник на Боговиње, Садик Сулејмани. Актуелниот прв човек на општината Албон Џемаили му честиташе на новиот кандидат и му посака успех во кампањата, ветувајќи негова поддршка“, соопштија од АА.

Од партијата на Зијадин Села додаваат дека во пресрет на локалните избори покажале демократска вредност, со тоа што на секој член му дозволиле да се натпреварува.