– Имајќи го предвид фактот дека првпат во независна Македонија ние имаме коалиции албанско-македонски, во смисла на политички партии, од една страна СДСМ со ДУИ, и ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса/Алтернатива кој што е квалитативен исчекор напред. Дури и коалицијата која ја објавија ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса/Алтернатива беше една многу силна порака за многу добар дел од граѓаните дека и 27 април некако да се остави во минатото, како влог во иднината, како влог во еден поквалитативен натпревар со проекти и идеи што дефинитивно донесе и нов амбиент, истакна Селмани.
Тој вели дека на овие избори многу помалку се слушаат тешките етнички теми.