На прес-конференцијата посочи дека тоа е еден од приоритет, а како политичка партија се обврзуваат и гарантираат дека во наредните четири години ќе вложат напор да го направат.

–Општина Штип апсолутно ќе застане позади идејата за изградба на Регионален рехабилитациски центар, нешто кое родителите за децата го бараат од институциите со години. Целта на овој центар ќе биде од децата и возрасните со посебни потреби да се извади максимумот, за да можат и тие да придонесат за оваа општество. Во овој центар не само што ќе се врши рехабилитација на децата и возрасните, туку некои од нив ќе добијат можност за вработување, вели Јорданов.

Посочи дека нивна задача е со сите сили да ги вклучат во системот, да им се обезбеди сигурна иднина и економски да се зајакнат родителите и старателите на оваа категорија на граѓани.