Јавното обвинителство започнува постапка за активно учество на оштетените

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе добијат можност активно да учествуваат во кривичната постапка. Јавното обвинителство соопшти дека започнува со индивидуални сослушувања на законските застапници на жртвите. На тој начин ќе им озозможи да се приклучат кон кривичниот прогон како оштетени страни.

Сослушувањата почнуваат од 27 мај – лична комуникација со семејствата

Во соработка со волонтерската иницијатива „Support Kocani“, Обвинителството во наредните два дена ќе воспостави контакт со најблиските на настраданите. Целта е да се договорат точни термини и локации за поединечните сослушувања, кои ќе се одржат од 27 до 29 мај, во просториите на јавното обвинителство.

Почнува здравствена евалуација на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ – повикани сите, дури и оние што не биле хоспитализирани

Секој законски застапник ќе може да изнесе исказ, да предложи и други членови од семејството за сослушување и директно да се информира за текот на постапката.

Отворен повик за нови информации и докази поврзани со „Пулс“

Обвинителството истовремено апелира и до сите граѓани кои имаат информации, сведоштва или докази поврзани со работењето на дискотеката „Пулс“, нејзините фирми или надлежните институции, да се вклучат во истрагата. Тоа може да се направи преку пополнување на формуларот за пријава, кој се доставува на: istragakochani@jorm.mk.

Нов протестен марш – семејствата бараат неселективна правда

Додека институциите ја водат истрагата, семејствата на настраданите денеска повторно ќе излезат на улиците на Кочани. Ова е седмиот протестен марш, со јасна порака: бараме правда за нашите блиски и одговорност без селекција.

Извор: Миа