Осомничениот Кристијан Корабоски за бруталниот напад врз 26-годишната Сара Ѓорѓиевска од Охрид, повторно е приведен во полициската станица во Охрид.

Исто така семејството на Сара, апелира до граѓаните да се откажат од најавениот протест за утре пред Основното јавно обвинителство во Охрид.

Тие се заблагодаруваат за огромната поддршка од јавноста, но по последниот развој на настаните во обвинителството и повторното определување притвор за осомничениот, велат дека во овој момент единствено им се потребни мир и закрепнување на нивната ќерка.