Сепаратистичките власти на Нагорно-Карабах денеска, една недела по офанзивата на Азербејџан, соопштија дека ќе ги распуштат сите институции до јануари 2024 година.
Указот на лидерот на оваа енклава најавува распуштање на „сите владини институции и организации 1 јануари 2024 година“.
На овој начин „Република Нагорно-Карабах ќе престане да постои“, се додава во соопштението.
Овој потег следи откако Азербејџан почна молскавична офанзива за да ја врати целосната контрола врз својот отцепен регион и побара ерменските војници во Нагорно-Карабах да го положат оружјето и да се распушти сепаратистичката влада.