Мастен Вањала вчера требало да се појави на суд под обвинение за убиствата, но за време на прозивката полицијата забележала дека тој веќе не е во ќелијата.
Вработените во затворот кои биле на должност во време на неговото бегство, се уапсени.
Вањала е приведен за време на полициската истрага за низа убиства на деца. Вањала беше уапсен во јули и призна дека дрогирал и убивал момчиња, а во некои случаи ја пиел нивната крв.