Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година, заврши со примирје, а не со мировен договор. Оттогаш, Северна и Јужна Кореја се технички во војна.
Ким Јо-Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, во септември сигнализираше дека нејзината земја може да биде отворена за преговори, но само доколку САД се откажат од, како што ја нарекоа, „непријателската политика“ против Пјонгјанг.
САД постојано повторуваат дека Северна Кореја мора прво да се откаже од своето нуклеарно оружје пред да бидат укинати какви било санкции.
Јужнокорејскиот претседател денеска изјави дека Северна Кореја продолжува да го поставува ова барање како предуслов за разговори.
– Затоа не сме во можност да седнеме да разговараме или да преговараме за декларацијата. Се надеваме дека ќе бидат иницирани разговори, истакна Мун на заедничката прес-конференција во Канбера со австралискиот премиер Скот Морисон.