Луѓето кои се болни од грип често чувствуваат некои или сите од овие симптоми:

-Треска

-Кашлица

-Воспалено грло

-Тежок или затнат нос

-Болки во мускулите или телото

-Главоболки

-Замор

-Некои болни може да имаат повраќање и дијареа, иако ова е почесто кај децата отколку кај возрасните.

Повеќето луѓе кои добиваат грип ќе се опорават за неколку дена или најмногу до две недели, но некои луѓе ќе развијат компликации (како што се пневмонија) како резултат на грип, од нив некои може да бидат опасни по живот и да резултираат и со смрт.

Мерки за превенција на сезонскиот грип

-Избегнувајте близок контакт со луѓето кои се болни. Кога сте болни, останете на растојание од другите за да ги заштитите од болест.

-Ако е можно, останете дома и одсуствувајте од работа, училиште и задачи кога сте болни. Ова ќе помогне да се спречи ширењето на вашата болест на другите.

-Покријте ја устата и носот со марамче кога кашлате или кивате. Тоа може да ги спречи оние околу вас да се разболат.

– Оставете доволен простор помеѓу вас и луѓето кои се болни или кои киваат или кашлаат.

-Честото миењето на раце ќе ви помогне да се заштитите од вируси. Ако сапунот и водата не се на располагање, употребувајте средства врз база на алкохол. Чисти раце спасаат животи!

-Не ги допирајте очите, носот и устата со раце. Грипот често се шират кога едно лице допира нешто што е контаминирано со вируси, а потоа се допира со неговите очи, нос или уста.

-Имајте доволно сон, бидете физички активни, управувате со стресот, пиете многу течности и јадете здрава храна.

-Чистете ги и дезинфицирајте ги често допрените површини дома, во работа или во училиште, особено кога некој е болен.

-Користете средство за дезинфекција кога чистите дома, особено во бањата и кујната. Држете се подалеку од сунѓери и партали – студиите покажуваат дека тие се број еден извор на бактерии во целата куќа. Ако мора да ги користите сунѓерите и парталите, промените еднаш неделно или оставете ги да впијат белило (Варикина) во трање од 15 минути.

-Одржајте средби во канцелариите во големи простории со добра вентилација. Проветрувајте ги просториите барем еднаш дневно.

-Примете вакцина против грип. Вакцините се најсигурниот начин за спречување на грипот. Најдобар период за вакцинирање против грип е во октомври и ноември, иако вакцината може да ја добиете дури и подоцна, во текот на сезоната на грип. Примајте вакцина против грип секоја година. Вирусите со грипот постојано се менуваат, а секоја година се даваат нови вакцини за заштита од новите видови.