-Република Cеверна Македонија е држава во која принципот на еднаквост и недискриминација се применува во сите области од општественото живеење: социјалната заштита, здравството, образованието, работните односи и правосудството,вели таа.

Во насока на креирање на политики и преземање на активности за справување со дискриминацијата во државата, министерката Шахпаска ги посочи двата закони кои неодамна беа донесени во земјава.

-Минатата година во октомври го донесовме Законот за спречување и заштита од дискриминација во кој за прв пат како основ за дискриминација се дефинирани сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Формиравме Национално координативно тело за недискриминација и еднаквост, со цел промовирање на концептот за недискриминација и еднакви можности како и следење на состојбите на ова поле во сите сфери на општественото живеење, рече министерката.

Таа посочи дека оваа година по втор пат се одржа Парадата на гордоста, со поддршка на владините институции и граѓанскиот сектор. Според неа, сето тоа придонесе Македонија да се искачи 12 места погоре во однос на минатата година, на картата на Rainbow во однос на елиминирање на дискриминацијата на ЛГБТ лицата во земјата.

-Убавината на мозаикот ја прават различностите. Градиме општество кое се темели на еднаквост слобода и правда. Нашата цел е секој да се чувствува слободно во избор на својата ориентација, професија, остварување на својата визија. Општество кое ќе интегрира, а нема да дискриминира. Градиме општество без предрасуди. Општество во кое секој граѓанин ќе го прави својот избор, порача министерката Шахпаска.

Оваа конференција претставуваше подготовка во креирање на Глобална стратегија за еднакви права на ЛГБТИ заедницата, на која учествуваа и министри од други земји, како и граѓански организации.