Наставата може да продолжи, може и преговорите да продолжат. Ќе доставам барање до претставниците на СОНК за разбирање наставата да продолжи. Во тоа барање ќе имаат дека ние за најбрзо време ќе се усогласиме со нивното прво барање, со системско решавање на второто и третото барање, и заедно да продолжиме во други соработки, освен за плати, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири пред Владата.

Образложи дека неговата молба и допис се однесува до членството на СОНК, но и до сите наставници во образовниот процес.

-Барам разбирање за наставниот процес. Никогаш јас како министер и дел од Владата не кажавме дека во овој процес не влегуваме за повисоки плати. Да, кажавме дека влегуваме во преговори, во дискусии за тие преговори, рече министерот Шаќири. Побара разбирање од членовите на СОНК и до сите други претставници во образовниот процес, рече Шаќири, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој очекува наставниците да се вратат во настава и праша зошто учениците да бидат гаранција во овој процес. Нагласи дека треба да има доверба меѓу двете страни што преговаарат – ресорниот министер и претставниците од Влада и СОНК. – Зошто да не е добра цел од страна на СОНК да кажат – еве се враќаме на настава за најбрзо време, нека дадат и рок, ден, два или три дена, а од вас очекуваме да ни го дадете тој просек. Зошто тој просек да се поврзува со наставата на децата, рече Шаќири. Додаде дека не треба да има услови, туку да се верува во овој процес.

Тој очекува по дописот СОНК да врати официјален одговор на тоа, а потоа најави дека ќе ги предвиди наредните чекори.

Шаќири уверува дека ги прават сите напори за повисоки плати, а имаат поддршка од премиерот, од вицепремиерите и од сите други министри во Владата за изнаоѓање на, како што рече, најдобро решение во овој момент.

Министерот за образование и наука потсети дека досега поради штрајкот се изгубени четири работни дена, а дел од наставниците реализираат настава.