Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).

Инаку, граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување секој работен ден од понеделник до петок.