Унијата на млади сили партиципираше преку своите членови со давање на идеи во самото пишување на програмата, со предложување на некои проекти на градоначалниците, кои што гледаме дека во овие 365 дена конкретно беа реализирани. Гледаме дека градоначалниците имаат слух за младинските проблеми, и за потребите на младите на локално ниво. Денеска можевме да ја слушнеме и бројката дека се инвестирани над 120 милиони евра во единиците на локалната самоуправа. Тоа се 120 милиони евра кои што се директно инвестирани во младите“, истакна членот на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Шамбевски денес од политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина”.
Шамбевски ги издвои и неколкуте младински проекти меѓу кои беше и инвестирањето во спортот, во културата, во животната средина, во ваучерите за зелениот превоз како што се велосипедите и електричните тротинети. Тука може да се спомене и поддршката на најдобрите студенти и на најдобрите ученици.
„Од Унијата на млади сили млади советници во Македонија има околу 70-тина. Тоа се 70-тина луѓе кои се таму да го артикулираат гласот на младите и барањата на младите кон градоначалниците. И секој еден од нив или има поднесено иницијатива, или учествуваше во процесот на формирањето на локалните младински собранија. Локалните младински собранија се еден проект кој што е исклучително важен за да се зголеми партиципирањето на младите и на младинскиот активизам со тоа што ќе имаат младите поголем глас во своите локални самоуправи. Во скоро сите градови каде што ВМРО-ДПМНЕ има свои градоначалници процесот е откочен, а во десетина веќе е завршен“, нагласи тој.
Тој посочи дека отворањето на младинските канцеларии ќе бидат можност на младите да ги користат за секакви активности. Тие се отвораат насекаде низ општините.