Министерот за правда Јетон Шасивари одржа билатерална средба со министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, во Истанбул. Двајцата министри учествуваат на Меѓународниот самит за правда.
На средбата разговарале за состојбите во правосудството, институционалните искуства и предизвиците со кои се соочуваат државите во обезбедувањето ефикасна и достапна правда.
Различните правни системи и институционални искуства овозможиле размена на гледишта за улогата на правосудството и важноста на владеењето на правото во современите општества.
Соговорниците ја истакнале вредноста на отворениот дијалог и меѓусебното разбирање како основа за развивање контакти и разгледување можности за идна институционална соработка.
