Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска престојува во работна посета на Киев, каде ќе оствари средба со неговиот украински колега Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина.

Како што соопшти МНР, предвидено е Османи и Кулеба да разговараат за руската воена агресија на Украина и начините како меѓународната заедница, вклучително и Северна Македонија, можат да помогнат.

Во Киев Османи беше пречекан од амбасадорот на земјава во Украина, Крум Ефремов кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со останатите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција.