– Кина со право е многу самоуверена земја. За 20 години, таа извлече милијарда луѓе од сиромаштија и воспостави вистинска средна класа, изјави Буш во интервју за Зидојче Цајтунг.
Поради проблематичната ситуација со човековите права во Кина, Баербок се залага за поцврст став кон режимот во Пекинг, предлагајќи, меѓу другото, ЕУ да го забрани увозот на стоки произведени со принудна работа.
Шефот на Сименс нагласи дека Баербок сè уште не разговарала со него на оваа тема и покрај тоа што претседава со Азиско-пацифичкиот комитет за германски бизнис.
Грешките во Кина „нема да се решат со надворешна политика заснована на конфронтација“, нагласи Буш.
– Доколку се забрани извозот, може да се случи веќе да не можеме да купуваме кинески соларни ќелии и тоа ќе биде крај на енергетската транзиција, потенцираше предводникот на германскиот гигант.
Тој изрази оптимизам дека Зелените, партијата предводена од Баербок, ќе донесат подобрувања во областите како што се сообраќајот, транспортот, зградите и заштитата на климата, но исто така се надева дека ќе покажат чувство за мерка.
– Се разбира, би можеле постепено да го исфрлиме јагленот уште во 2022 година, но во тој случај светлата во Германија ќе се изгаснат, рече тој, додавајќи дека дури и електричните автомобили користат електрична енергија произведена со помош на јаглен.
Можете да постигнете брз напредок само ако не сте премногу догматични, заклучи Буш.