Според него, загубата на прометот ќе биде огромна, а здружението смета на дефицит од околу 350 милиони евра неделно.

Вил потсетува дека сега е време да се купат новогодишни подароци, поради што стотици илјади вработени во продавницата стравуваат за божиќниот бонус.

-Падот на прометот и посетите на клиентите се сега, особено за време на празничната сезона, посебно очигледни, додаде Вил.

Од друга страна, оние кои доаѓаат во продавниците се изложени на ригорозни контроли и казни, во случај да ги заборават документите за 2G.

– Дополнително, додека бројот на купувачи се намалува, трошоците за персонал, кирија и струја остануваат, забележува Вил и додава дека трговците се соочуваат со хаос поради правилата за 3G на работното место и поради недоволното проширување на капацитетите за тестирање

Поради тие ограничувања, директорот на Австриското здружение на трговци побара итна и насочена помош за трговците.