Поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска добива функција во кабинетот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој одлучи да ја назначи Шекеринска за следен заменик генерален секретар што претставува успех за личност од нашата држава да биде на оваа одговорна позиција.

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, вели Марк Руте.

Шекеринска ќе ја преземе својата функција подоцна оваа година.

Нашиот медиум за именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО го објави уште во август оваа година каде се шпекулираа повеќе имиња меѓу кои најверојатно беше името на поранешната минситерка за одбрана.

Радмила Шекеринска заменик-генерален секретар на НАТО?

Шекеринска беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана. Имаше клучна улога во влезот на Северна Македонија во НАТО пред четири години и моментално е потпретседател на Партијата на европските социјалисти.