Како што соопшти Министерството за одбрана, во рамки на посетата, министерката Шекеринска ќе има средба со домаќинот, португалскиот министер, како и со началникот на Генералштабот на Португалските вооружени сили.

Делегацијата од Министерството за одбрана и од Армијата, предводена од Шекеринска, ќе ја посети Командата за здружени операции која е оперативно седиште за португалски мисии во странство – НАТО, ОН и ЕУ мисии, како и училиштето за централизирана обука за странски мисии, пешадија, механизирани единици и артилерија на Португалските вооружени сили.

Воедно во рамки на посетата делегацијата ќе има разговори и во НАТО академијата за комуникации и информации во Лисабон.

Посетата на Португалија, велат од МО, е прв чекор во воспоставувањето на билатерална соработка во одбраната меѓу двете земји. Министерството за одбрана на Северна Македонија веќе иницираше потпишување на Договор за билатерална одбранбена соработка кој се очекува да биде потпишан во наредниот период.