-Во месец февруари Шилегов склучил договор со маркетинг агенцијата Њу Момент вреден 8 милиони денари, оваа тендерска постапка како и повеќе спроведени од оваа власта се карактеризира со фактот што агенцијата која го добила е и единствен понудувач, па нормално истата и го добива тендерот. Истата оваа агенција има долга историја со град Скопје под капата на Шилегов, имено таа во 2020 година склучува во висина од 2.5 милиони денари, додека во 2019 година договор со истата агенција бил 2 милиони денари. Што е 2021 година поразлична од претходните две освен тоа што во 2021 година има локални избори на кои Шилегов, кој се јавува како застапник на договорниот орган – град Скопје ќе трча за градоначалник? Дали поголемиот тендер, но и континуираната соработка е предвремено плаќање на кампањата и дали за маркетинг услугите за градот Скопје се кријат маркетинг услуги за сегашниот градоначалник? Уште посимптоматично е што истата агенција Њу Момент е и добитник на тендер од Фондот за иновации од 200 илјади евра за снимање на спотови. А тендери истата агенција ниже и во МНР, Секретаријатот за европски прашања, Централниот регистар и други институции. Дали Њу Момент има за задача да ја прикрива само грдата реалност или и предвремено се плаќаат услугите за кампања на Шилегов со градски пари? Истакнуваат од партијата.

Време е за одговори и одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе! Додаваат од таму.