Тој додаде дека градот се шири кон Кисела Вода, Дебар Маало и почетоци во Карпош затоа што ние немаме други места каде што градот би можел да се шири и развива и тој треба да продолжи така.

-Мораме да влеземе во реализација на ГУП од 1965 година и тоа се случува, потенцира Шилегов, реплицирајќи му на кандидатот на Левица, Петар Георгиевски дека „од црни кошули излегуваат лесни зборови“.

 

-Тоа е нешто што всушност го краси незнаењето, на тоа каде е местото на градот и кои се неговите ингеренции. Скопје во постапката на издавање градежни дозволи не е странка. Странки се општините и субјектите кои што градат, информира Шилегов.