-Шилегов го остави градот во хаос, а вработените во јавните претпријатија под Град Скопје без плати. Петре Шилегов, претходниот градоначалник на Град Скопје, си заминал од функцијата оставајќи го градот во тотален хаос. Наши извори брифираат дека Шилегов го напуштил кабинетот без да ги заврши постапките за субвенции за плата за вработените во јавните пријатија што се под Град Скопје, а истите јавни претпријатија поради лошо менаџирање, за само четири години ги направил загубари, реагираат од таму.
Шилегов го напуштил градоначалничкиот кабинет на 8 ноември, додека Арсовска отпочна процедура за упис во Централниот регистар и засега не може административно да постапува.
-Налозите не биле потпишани ни испратени, иако тој имаше 8 дена да го стори тоа, за да може да бидат платени придонесите за сите вработени и да биде исплатена платата. Дали со ова Шилегов свесно креирал криза за вработените во јавните претпријатија, но и за градот?, велат изворите на „Фактор“..