Шилегов вели дека тој и неговиот тим за само четири години, започнале проекти кои ги решаваат проблемите на скопјани за следните 50 години и додаде дека покажале вистинска храброст за тоа.

– Од најзагаден град во светот, Скопје за 4 години драстично го намали загадувањето. Анализите покажуваат дека од година во година дишеме почист воздух, но работа има уште. За кратко време ги исчистивме сите депонии во рамки на ГУП-от и ги претворивме во паркови. Преку силна финансиска поддршка за граѓаните старите печки ги заменивме со клими инвертери. За само четири години во се реновираа сите средни училишта а во секоја училница за учениците има прочистувач за воздух. Денес, Скопје секој денар го вложува во здрава иднина за нашите деца, објаснува Шилегов.