Според него, со повеќето од кандидатите за градоначалник имал слични проекти за развој на градот. Сите оние кои не излегоа да гласаат во првиот круг, ги покани да го сторат тоа на 31 октомври и да го поддржат.
– Јас силно верувам дека граѓаните ја препознаваат позитивната промена во Скопје која ја направивме за само четири години. Дека го препознаваат и вреднуваат трудот којшто го вложивме, а верувајте – не беше лесно. Скопје од град во стагнација, за кратко време конечно тргна напред. Јас верувам дека вие граѓаните ја препознавте храброста и визијата плански и стратешки да вложуваме, наместо популистички празно да ветуваме, рече Шилегов.