Во продолжение пренесуваме Фејсбук статус на Петре Шилегов за одморот на Димитар Апасиев:
Само политички аналфабет (политички неписмен, за некои да ме разберат што сакам да кажам, многу ги има такви), може да помисли дека на било кого му е гајле каде тоа Димче и лепо друштво отишле на годишен.
Еве, што се однесува до мене, Димче ладно може да иде у три … (места кои највише ги посакува 😉).
Проблемот е во политичкото лицемерие кое со години го пропагира дотичниот. Дека сите мораме да бидеме исти во неговото лудило, ама кога е он во прашање, да биде малку поист ако е можно. Демек, кога други одат на одмор (кај и да е) тоа е проблем, кога попива казна за непрописно паркирање, тоа е политички проблем, кога ЛАЖЕ дека е клошар тоа е ок, ама никој нема право да има имот, пошто дечкото имал несреќно детство …
Да не редам понатаму. Проблемот во политичка смисла е тоа што никој, ама баш никој (најмалку државата), треба да биде заложник на неговите фурстрации. Неговиот личен животен неуспех (и на добар дел од следбениците му), не е и не може да биде колективен неуспех на било кого или на Македонија. Или што би рекол тој, сам нека се справува со својата септичка јама. Нека не ни ја нуди нам како колективна храна …
П.С. Штета и Алфата не ја земал на пустинско сафари. Ќе ги изненадел Бедуините ….