ШОКАНТНО ВИДЕО: Тинејџерот кој ја усмрти жената во Капиштец на Инстаграм се фалел со опасно возење
Тинејџерот Саит Саитов и претходно управувал возило непрописно, а дел од тие моменти ги објавувал на социјалната мрежа Инстаграм. Од содржините на неговиот профил може да се забележи дека уште на 17-годишна возраст возел над дозволената брзина со возило „пасат“, при што редовно се снимал и објавувал видеа од таквото возење.
Објави од опасно возење на социјалните мрежи
Истото возило „фолксваген пасат“ со кое објавувал видеа од брзо и непрописно возење било инволвирано и во трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби Љуба Јаковлеска. По несреќата, осомничениот го напуштил местото на настанот и се наоѓа во бегство.
Распишана меѓународна потерница
Претходно, Министерство за внатрешни работи распиша централна и меѓународна потерница по Саит Саитов (18) од Скопје, по барање на Основно јавно обвинителство Скопје, за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.
Детали за несреќата
Сообраќајната несреќа се случи на 9 јануари на улицата Народен фронт во Скопје, кога 18-годишникот со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки удрил во 79-годишната Љуба Јаковлеска, која подоцна почина од здобиените повреди. Возачот по ударот избегал од местото на настанот.
