Рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите воени цели во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
Во своето обраќање пред Бундестагот, Шолц рече дека Украина успешно ќе се брани и дека Германија ќе ја поддржува со оружје, финансиски и на сите други начини, се додека тоа е потребно.
„Путин веруваше дека може да ги разедини Европејците, но го постигна спротивното“, изјави германскиот канцелар.