Претседателката реагираше на националистичките скандирања на натпреварот Шкендија – Карабах и предупреди на опасноста од селективни реакции
Само со заедничка, доследна и бескомпромисна битка против шовинистички изблици ќе можеме да изградиме здраво и одржливо општество. Ова го порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова во синоќешната објава на својата официјална Фејсбук страница, насловена „Ненаучена лекција“.
Во реакцијата, таа се осврна на националистичките скандирања од навивачите на Шкендија на натпреварот против Карабах, кој се одигра на Националната арена.
Сеопштата осуда на навивачкиот примитивизам на сите ни влеа надеж за цврста решеност за справување со овој неспортски феномен. Просветителски звучеа апелите за ставање крај на националистичките и шовинистички повици од трибините. Но, вчерашните сцени од меѓународниот натпревар Шкендија – Карабах беа реприза на кумановската трагична приказна. Хипокризија и цинизам е селективното реагирање на неспортскиот вандализам. Само со заедничка доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество, потенцира Сиљановска Давкова.
Претседателката претходно реагираше и на скандирањата на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово. Таа тогаш посочи дека е крајно несоодветно спортскиот терен да се користи како алатка за „вежбање“. Говор на омраза и навредување. Зборуваше и за битката против шовинистички изблици.
Навивачите на Шкендија, и покрај апелите за фер навивање, синоќа во неколку наврати скандираа пароли како „Илирида“ и „Голема Албанија“.
Нивните повици беа упатени за време на текот на натпреварот со Карабах, што се одигра во рамки на европско натпреварување. Присутните сведочеа на неколку јасни изблици со националистичка содржина, кои предизвикаа негативни реакции во јавноста.
Министерството за внатрешни работи претходно најави санкции за секој облик на националистички испади на спортски натпревари. Од МВР потсетија и дека веќе реагираа по инцидентите со мала група навивачи во Куманово. На натпреварот меѓу Македонија и Романија минатиот викенд.
Со повторените националистички изблици на трибините, се отвора прашањето за одговорноста на клубовите и организаторите. Претседателката Сиљановска Давкова во својата објава јасно предупреди дека „селективната реакција“ не е пат кон решавање на проблемот, туку го продлабочува.
Само со недвосмислена, принципиелна и конзистентна осуда на шовинистичките изблици, како што потенцираше, може да се создаде стабилно, толерантно и праведно општество.