Полупотопениот брод, кој никогаш не бил целосно потопен за време на работата, бил пронајдено во магацин во пристанишниот град Малага, се вели во соопштението на шпанската полиција.

Истражувачите откриле дека тој бил опремен за транспорт до два тона дрога. Таквите подморници ги користат шверцерите на дрога за да избегнат откривање од крајбрежната стража и другите власти.

Бродот во Малага е откриен како дел од големата операција во која учествувала полицијата од Колумбија, Холандија, Португалија, САД и Велика Британија со меѓународни активности координирани од европската полициска агенција Европол.

Уапсени се вкупно 52 лица, а полицијата изврши претрес во 47 домови во Барселона, Малага и осум други шпански градови.

Покрај подморницата, тие откриле и напредна лабораторија во реонот на Барселона, оспособена да произведува 750 килограми дрога месечно, глисер од 15 метри направен од фиберглас, 400 килограми кокаин, 700 килограми хашиш и над 100.000 евра во готовина.