Организирана група за наркотици

Раде Трајковски Штекли денеска доби затворска казна од осум години во Кривичниот суд во Скопје, поради вмешаност во трговија со дрога. Судскиот совет утврди дека тој организирал група која се занимавала со нелегална трговија со наркотични средства, меѓу кои кокаин и марихуана.

Изречени казни и за другите обвинети

„Раде Трајковски судот го осудува на казна затвор од 8 години. Обвинетиот Стефан Китанов судот го осудува на затвор од пет години. Александар Бучевски го осудува на пет години, Стојан Миланов го осудува на казна затвор од 3 години и 10 месеци, обвинетиот Филип Таневски го осудува на пет години затвор“, рече судијата Илија Трпков.

Постапката завршена без одолговлекување

Судијата нагласи дека судскиот процес се одвивал ефикасно и без непотребни одложувања.

„Оваа постапка започна пред девет месеци и имаше континуиран тек, со цел ефикасно завршување на притворскиот предмет“, рече судијата Илија Трпков.