-Да водат сметка за тие тревници, за наводнувањето на бавчите, за користењето на вода за пиење за непродуктивни цели, туку да се користи водата во овие сушни времиња, за пиење и за лична хигиена. Доколку се продолжи со тоа енормно трошење на водата, ќе дојдеме во ситуација, не да правиме рестрикции, туку само по себе ќе снема вода-изјавио Здравко Коцев, директор на ЈП „Исар“ – Штип.
Во филтер станицата влегуваат 220 литри вода во секунда, а во водоводниот систем се пуштаат 350 литри вода во секунда. Разликата се надополнува од резервите во резервоарот на станицата со капацитет од 1700 кубни метри вода. Доколку хидролошката состојба осТане непроменета, а потроШувачка продолжи да расте, многу е веројатно дека за брзо време резервите на вода ќе бидат целосно исцрпени.
Пренесуваат од Сител