Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов го потпишаа договорот со претставници од Бугарија во кој за двете страни се предвидени речиси 400.000 евра.
– Од овој значителен буџет, Општина Штип, како водечки партнер со Генералната дирекција за противпожарна заштита и заштита на населението од Софија, ќе може да инвестира 204.299 евра за набавка на комплетно опремено ново противпожарно возило за гаснење на шумски пожари. Ќе обезбедиме и лична заштитна опрема за сите пожарникари, вели Николов.
Во рамките на проектот е предвидено штипските пожарникари да имаат обуки во тренинг центар Монтана во Бугарија, а дополнитело, Штип ќе може да набави и црева за гаснење на пожар.
– Тендерите за набавка се веќе во тек. А, со новото противпожарно возило и опремата значително ќе ја зголемиме оперативната подготвеност на единицата во која 30 пожарникари деноноќно се грижат за нас, нашите домови, плодни полиња и зелени шуми. На нив, наскоро ќе им се придружат и двајца нови пожарникари за чии работни места веќе има објавен конкурс, рече Николов.