На фејсбук страницата штипска идила, штипјани кои ја познаваа како одлична медицинска сестра, се простуваат од 22-годишната сограѓанка која си го одзеде животот. Тие како што рекоа, не паметат вака голема трагедија.
Многу сме потресени, не знам како да кажам. Цело село е возбудено. За време на пандемијата девојката несебично помагаше , особено на оние кои беа во тешка здравствена состојба. Татко и често велеше, дека можно е и да се зарази , но таа не обрнуваше внимание на тоа, вели нејзината сограѓанка.