Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми го совлада Мартон Фучовиќ (7:6, 6:0, 6:3) и се пласираше во третото коло на Ролан Гарос. На мечот сите го забележаа „уредот што го залепи на градите“.
Станува збор за магнет но Ноле не сакаше да открие за што се работи туку се шегуваше.
„Кога бев дете многу ми се допаѓаше Iron Man, па сега се обидувам да го имитирам. Знаете, мојот тим користи неверојатно ефикасна нанотехнологија за да ми помогне да бидам што е можно подобар на теренот. Тоа е најголемата тајна во мојата кариера. Да не беше тоа, немаше да седам овде со тебе“, се пошегува Новак Ѓоковиќ.