Машинистите на лондонското метро започнуваат 24-часовен штрајк поради спорот со раководството околу воведувањето четиридневна работна недела. Оваа мерка предвидува продолжени смени за машиновозачите, што предизвика незадоволство и најава за серија прекини во железничкиот сообраќај.
Членовите на синдикатот „Реил, Маритајм енд Транспорт Јунион“ (РМТ) ја прекинуваат работата точно напладне по локално време, откако преговорите со управата не донесоа взаемно прифатливо решение за работните услови.
Транспортната служба „Транспорт фор Лондон“ упати предупредување до сите патници за сериозни нарушувања во сообраќајната мрежа. Се очекува тешкотиите во движењето низ британската престолнина да се почувствуваат уште пред официјалниот почеток на штрајкот, за време на неговото траење, како и по неговото завршување.
