Левен поднесе оставка откако веќе седум години е на таа функција. На крајот на август годинава тој најави дека наскоро ќе поднесе оставка, што сега се оствари.
-На се му доаѓа крај. Сакам да го оставам мојот наследник во најдобра можна состојба, истакна тој во август.
Со оставката на Левен започна процесот на избор на нов шеф на владата.
Должноста на лидерот на Социјалдемократската партија веќе и е предадена на Магдалена Андерсон, а аналитичарите проценуваат дека таа ќе го наследи Левен и на чело на владата.
Левен поднесе оставка на крајот на јуни откако парламентот му изгласа недоверба, но неговата влада доби малцинска поддршка и тој повторно беше назначен за премиер. Со оваа постапка беа избегнати предвремени избори.
Редовните парламентарни и локални избори во Шведска ќе се одржат во септември 2022 година.