Словенија ја зафати ново невреме. Силен дожд и ветер урнаа дрвја, телекомуникациски столбови и инсталации, покриви.
Дождовницата поплави згради, а имаше и неколку одрони.
Гром предизвика пожари на повеќе места, а во текот на ноќта децата се евакуирани од кампот Лепена во Бовац, јавуваат словенечките медиуми.
Невремето прво ги зафати Горишка брда, Нова Горица и Љубљана, а потоа и Долењска.
Самуел Космач, командант на цивилната заштита за северниот регион Приморска, рече дека најлошо е во општина Мирен-Костањевица и во општина Ренче-Вогрско, како и во сливот на Випава.
„Градот оштети многу покриви, скрши покривни прозорци и оштети многу автомобили. Има многу паднати дрвја и оштетена инфраструктура. Фронтот на невремето потоа се пресели кон Ајдовшчина, од каде што имаме извештаи за оштетени покриви на станбени и деловни објекти“, рече Космач.
Пожарникарите ги отстрануваат последиците од синоќешното невреме утрово. На терен се 70 противпожарни единици, јавува „Срна“.