Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди БиХ.
Земјотресот е регистриран утрово во 08:49 часот. Се случило на 27 километри северозападно од Травник, пренесува Avaz.ba.
Земјотресот бил почувствуван во Жепч и неговата околина.
Граѓаните јавуваат дека земјотресот бил силен и кратко траел. Почувствуван бил и во Завидовиќи, Травник и други места во овој регион.
Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.