Професорката Гордана Силјановска Давкова од Ташмаруниште, порача до македонскиот народ дека Илинден е вечен симбол на македонскиот непокор.

Трогателна прослава во Ташмаруниште, еден од центрите на отпорот. Во Божествената природна убавина, небаре од Еденската градина болно прозвучеа Вапцаровите македонски стихови и Шишковите драмски поенти, натежнаа ората и тажните песни, предупедувачки одѕвонија пораките на лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, упатени до секој човек ширум Македонија, кој и да е, каков и да е, каде и да е: не заборавајте, помнете, менувајте, менувајќи се. Но, нема промени без најголемата: сменете ја власта – порача Силјановска.