Инцидентот се случил во близина на престижната област Ел-Карада, која е дел од специјално заштитената „зелена зона“, каде се наоѓаат главно странски амбасади и владини агенции. Други детали за инцидентот се уште не се соопштени.

Претходно во Багдад беше извршен обид за атентат врз ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими. Неговата резиденција која се наоѓа во „зелената зона“ била нападната од вооружени дронови. Шефот на ирачката Влада не е повреден и веднаш бил евакуиран на безбедно