Силно невреме проследено со поројни дождови, интензивен град и метео-цунами предизвика големи поплави и материјални штети во источна Шпанија. Во Тарагона, улиците за кратко време се претвориле во реки, при што надојдената вода носела луѓе и автомобили.
Големиот град оштетил десетици деловни објекти, возила и дел од покрив на трговски центар. На Ибица и Мајорка е регистриран феноменот „рисака“, при што морското ниво нагло се зголемило за речиси еден метар и биле поплавени плажи и шеталишта.
Поради невремето биле откажани јавни настани и концерти, а во делови од Тарагона имало и прекин на електричната енергија. Единаесет лица побарале лекарска помош во Рода де Бера по уривање на крајбрежен ѕид.
